إعدادات العرض
„Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет
„Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет
Али, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет. А оној што ќе направи престап, па Аллах го покрие и му прости – Аллах е по благороден за да го казни за нешто што веќе му го простил.“
[حسن] [رواه الترمذي وابن ماجه]
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili অসমীয়া English ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdîالشرح
Пратеникот на Аллах, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној што ќе изврши грев за кој е пропишана шеријатска казна – како прељуба, кражба и слично – и биде казнет за тоа на дуњалукот, тогаш таа казна му го брише гревот и го ослободува од казна на Ахиретот. Затоа што, Аллах е по праведен и по милостив отколку да го казни Својот роб двапати за истото дело. А оној кого Аллах ќе го прекрие на дуњалукот и нема да биде казнет, па ќе му го прости и ќе премине преку гревот – Возвишениот е по племенит и по милостив отколку да го казни за грев кој веќе му го простил.فوائد الحديث
Големината на Аллаховата праведност, благородност и милост.
Извршувањето на шеријатската казна на дуњалукот го брише сторениот грев.
Оној што ќе направи грев за кој е пропишана казна, нека се прикрие со Аллаховото покритие и нека побрза кон искрено покајание.
التصنيفات
Одредени верски казни