إعدادات العرض
„Возвишениот Аллах вели: На тројца Јас ќе им бидам противник на Судниот ден
„Возвишениот Аллах вели: На тројца Јас ќе им бидам противник на Судниот ден
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: На тројца Јас ќе им бидам противник на Судниот ден: човек кој дава завет во Мое име па го изневерил; човек кој како роб продал слободен човек и ја изел неговата цена; и човек кој изнајмил работник, па го искористил неговиот труд, а не му ја дал платата.“
الشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека Возвишениот Аллах рекол: „На три категории на луѓе Јас ќе им бидам противник на Судниот ден, а на оној кому Јас сум противник – сигурно ќе биде поразен: 1. Оној кој ќе даде заклетва во името на Аллах, ќе склучи завет, а потоа ќе го прекрши и изневери. 2. Оној кој ќе продаде слободен човек како да е роб и ќе ја изеде (потроши) неговата цена. 3. Оној кој ќе изнајми работник за работа, ќе го искористи неговиот труд, а нема да му ја даде платата.“فوائد الحديث
Овој хадис во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Аллах се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е објавен како предизвик за сите луѓе и некои други специфичности.
Ес-Синди рекол: „Спомнувањето на овие тројца не е за да се ограничи казната само на нив, бидејќи Аллах е противник на сите неправедници, туку за да ја истакне строгоста кон овие тројца.“
Ибн ел-Џевзи рекол: „Слободниот човек е Божји слуга, па оној што ќе му наштети, всушност е противник на неговиот Господар, односно на Аллах.“
Ел-Хатаби рекол: „Злоупотребата на слободниот човек може да се случи на два начина: прво – некој да го ослободи, а потоа да го сокрие тоа или да го негира; и второ – да го присилува да работи и по ослободувањето. Првиот случај е потежок. А јас велам: хадисот што се разгледува е уште построг, затоа што во него, покрај криењето или негирањето на ослободувањето, има и дополнително зло – продавање на слободниот човек и јадење на примениот надоместок од тоа. Затоа заканата во хадисот е уште посилна.“
التصنيفات
Leasing