إعدادات العرض
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili অসমীয়া English ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdîالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Аллах сака три нешта кај Своите робови, а мрази три нешта. Тој сака: да Го обожуваат исклучиво Него, Единиот, без да Му припишуваат здруженик да се држат цврсто за Аллаховиот завет, за Куранот и за Сунетот на Неговиот пратеник, и да не се разединуваат од заедницата на муслиманите. А го мрази: празното зборување и мешање во она што не ги засега, поставување прашања за нешта што не се случиле, или просење од луѓето без вистинска потреба, како и расфрлање на имотот – трошење во недозволени работи или негово уништување.فوائد الحديث
Возвишениот Аллах ја сака искреноста на Своите робови во ибадетот, а го мрази неверувањето во Него.
Поттикнување на цврсто придржување кон Аллаховото јаже, бидејќи тоа води кон единство и слога меѓу муслиманите.
Поттикнување на заедништво, наредба за обединување и држење за заедницата џематот, и забрана за спротивното – разединувањето и расправиите.
Забрана за празно и непотребно зборување за нешта што не носат лична корист – бидејќи ако се дозволени, значат губење време, а ако се забранети, водат кон бројни гревови.
Забрана за мешање во туѓи работи, следење на состојбите на другите, и прераскажување на нивните зборови и постапки.
Забрана за постојано просење и барање од луѓето без вистинска потреба.
Забрана за расфрлање со имотот, и поттик за негово чување и користење во она што е корисно.