إعدادات العرض
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се капеше од џенабет со еден сааʿ вода, а земаше абдест со еден мудд.“
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се капеше од џенабет со еден сааʿ вода, а земаше абдест со еден мудд.“
Сафина, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се капеше од џенабет со еден сааʿ вода, а земаше абдест со еден мудд.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar ქართული Tiếng Việt বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Bahasa Indonesia Nederlands ਪੰਜਾਬੀالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се капеше од џенабет со еден сааʿ вода, а за абдест му беше доволен еден мудд. Еден сааʿ е еднаков на четири мудда, а муддот е мерка што одговара на количина колку што собираат двете дланки на човек со средна градба кога ќе ги спои и наполни со вода.فوائد الحديث
Пропишаноста на умереното користење вода за абдест и гусул, избегнувајќи прекумерност, дури и кога водата е лесно достапна.
Препорачливо е да се користи само неопходната количина вода за абдест и гусул, бидејќи тоа е во согласност со практиката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Целта е комплетно и правилно извршување на абдестот и гусулот, со почитување на сунетот и исламските прописи, избегнувајќи прекумерно трошење или прекумерна штедливост, при што се земаат предвид условите како достапноста на водата, времето и другите околности.
Терминот „џенабет“ означува состојба на голема правна нечистотија што произлегува од ејакулација или сексуален однос. Во оваа состојба, лицето не смее да клања намаз и други ибадети додека не се исчисти.
Саа‘ е позната мерка, а овде се мисли како се сметало во времето на Веровесникот, чија тежина изнесува 480 мискали добро жито, што е еквивалентно на 3 литри.
Муддот е шеријатска мерка која претставува количина вода што може да се собере во двете дланки на човек со просечна големина. Според едногласниот став на исламските правници, муддот е една четвртина саа‘ и изнесува околу 750 милилитри.
