إعدادات العرض
Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Абдулах бин Анема раскажува: „Го видов Амар бин Јасир како влезе во џамија и клањаше намаз – но го скрати. Кога излезе, му пријдов и му реков: ,О, Ебу Јакзан, го скрати намазот!‘ Тој одговори: ,Дали забележа дека нешто изоставив од неговите прописи?‘ Реков: ,Не.‘ Тој рече: ,Тогаш, само брзав за да го одбијам заборавот кој доаѓа од шејтанот. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Bahasa Indonesia Nederlands ਪੰਜਾਬੀالشرح
Амар бин Јасир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, влегол во џамија и клањал нафиле – и тоа краток намаз. Кога излегол од џамијата, по него тргнал Абдулах бин Анема и му рекол: „О, Ебу Јакзан, те видов дека бргу го клањаше намазот!“ Амар одговорил: „Дали виде дека нешто изоставив од неговите столбови, ваџиби или услови?“ Тој рекол: „Не.“ Амар рекол: „Знај дека јас само побрзав пред да ме зафати занесувањето од шејтанот. Го слушнав Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ‚Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, или деветина, или осмина, или седмина, или шестина, или петина, или четвртина, или третина, или половина.‘“فوائد الحديث
Грижата на селефот за меѓусебното советување.
Проверка и прашање пред да се укори.
Доволно е како одговор на секое прашање и нејаснотија – зборот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Намалувањето на наградата за намазот зависи од намалувањето на смиреноста и размислувањето во него.
Силното поттикнување и нагласената препорака за смиреност во намазот и присуство на срцето пред Севишниот Аллах.
