,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една

,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една

Умејма бинт Рукајка, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со неколку жени од енсариите, за да му дадеме завет на верност. Рековме: ,О Божји пратенику, ти даваме завет дека нема да Му припишуваме ништо на Аллах, нема да крадеме, нема да правиме прељуба, нема клеветиме никого со она што самите ќе ги измислиме, ниту ќе ти се спротивставуваме во доброто што ќе ни го наредиш.‘ Тој ни рече: ,Според вашата можност и сила.‘ А ние рековме: ,Аллах и Неговиот пратеник се помилостиви кон нас. Повели, прими го нашиот завет, о Божји пратенику!‘ Но тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една – или се еднакви на зборовите што ги упатувам кон една жена.‘“

[صحيح]

الشرح

Умејма бинт Рукајка, Аллах нека е задоволен со неа, раскажала дека дошла кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со неколку жени од енсариите за да му се заколнат на верност. Му рекле: – не му припишуваме ништо на Аллах, – не крадеме, – не правиме прељуба, – не клеветиме никого, – и не ти се спротивставуваме во она што е од доброто. На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Според вашата можност и сила.“ „Аллах и Неговиот пратеник се помилостиви кон нас. Повели, прими ја нашата заклетва, о Божји пратенику – со ракување, како што прават мажите.“ Но тој, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Јас не се ракувам со жени. Моите зборови и мојот завет со сто жени се исто како со една.“

فوائد الحديث

Објаснување за начинот на давање заклетва на верност од страна на жените кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Забрана за ракувањето со жени што не се махреми.

Шеријатските обврски се поврзани за способноста и можноста на човекот.

التصنيفات

Односот помеѓу мажот и жената