„Јас не сум испратен да проколнувам – јас сум испратен како милост.“

„Јас не сум испратен да проколнувам – јас сум испратен како милост.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Се рече: „О, Аллахов пратенику, направи дова против многубожците!“ Тој одговорил: „Јас не сум испратен да проколнувам – јас сум испратен како милост.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, било побарано да направи дова (да се помоли) против оние што Му прават ширк на Аллах. Но тој појаснил дека не е испратен да ги проколнува луѓето и да ги оддалечува од Аллаховата милост, со што би ги лишел од доброто. Напротив – неговата мисија е да биде причина за добрина и милост за целото човештво, воопшто, а особено за верниците.

فوائد الحديث

Совршениот карактер на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Важноста на тоа човекот да го чува својот јазик од пцовки и проколнување, следејќи го неговиот пример.

Забрана за проколнување.

Поттик кон тоа да се биде милостив кон луѓето.

التصنيفات

Упатствата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него