„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена…

„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека семејството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не се наситило со јадење пченица три дена по ред, уште од нивното доаѓање во Медина па сè до неговата смрт.

فوائد الحديث

Овој хадис ја покажува скромноста и скудниот живот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и на неговото семејство – бидејќи вистинскиот живот е оној на Ахиретот.

Ибн Хаџер рекол: „Очигледно е дека причината зошто тие не се наситувале најчесто била поради недостиг на храна кај нив. А и кога ќе најдеа, често ги претпочитуваа другите пред самите себе.“

التصنيفات

Скромност и побожност, Упатствата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него