إعدادات العرض
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Ги гледав нозете на мушриците веднаш над нашите глави додека бевме во пештерата, па реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Русский Tiếng Việt Magyar ქართული Kiswahili සිංහල Română অসমীয়া ไทย Português मराठी دری አማርኛ ភាសាខ្មែរ ગુજરાતી Nederlandsالشرح
Владетелот на верниците, Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува за случка во времето на хиџретот. „Ги гледав нозете на мушриците како стојат над нашите глави, на самиот врв од пештерата Севр, а ние бевме внатре. Тогаш реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘ На тоа тој, Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, рече: ,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, за кои Аллах е третиот – со Неговата помош, заштита и упатство?‘“فوائد الحديث
Положбата на Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се гледа во неговото придружништво на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за време на хиџретот/преселбата од Мека до Медина, оставајќи го неговиот имот и семејство.
Неговата грижа и љубов кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и стравот од непријателите за неговата безбедност.
Обврската на верникот е да има целосна доверба во Аллах, да биде спокоен дека Тој ќе се грижи и ќе го заштити, откако ќе ги преземе сите дозволени мерки на претпазливост.
Грижата на Аллах за Неговите веровесници и штитеници (евлии) и Неговата поддршка за нив; како што Возвишениот вели: „Ние навистина ќе им помогнеме на Пратениците Наши и на верниците во животот на овој свет, а и на Денот кога ќе станат сведоците.“
Потсетување дека оној што се потпира на Аллах, Тој му е доволен: ќе му подари победа, ќе го помогне, заштити и сочува.
Совршеното потпирање на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на својот Господар, препуштајќи Му ги сите свои работи.
Неговата храброст и способноста да ги смирува срцата и душите.
Дозволено е да се избега од непријателот плашејќи се за верата, но со истовремено користење на сите дозволени причини и мерки на заштита и претпазливост.