إعدادات العرض
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата…
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
Зејд бин Еркам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Нема да ви кажам ништо освен она што го говореше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој велеше во својата дова: „Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල Kurdî Tiếng Việt Magyar ქართული Kiswahili Română অসমীয়া ไทย Hausa Português मराठी دری አማርኛ ភាសាខ្មែរ Nederlandsالشرح
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште“ – кон Тебе се засолнувам – „од немоќ“ – кога човек нема способност да најде корисно решение, „и од мрзеливост“ – кога нема волја за дејствување; немоќниот не може, а мрзливиот не сака, „и од кукавичлак“ – од воздржување да се пристапи кон она што треба да се направи, „и од скржавост“ – од задржување на она што е обврска да се даде, „и од старечка изнемоштеност“ – од старост што го ослабува телото, „и од казната во гробот“ – и од причините што водат кон неа. „Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа“ – дарувај ѝ и упати ја кон – „богобојазливост“ – да извршува покорност и да се воздржува од грев, „и очисти ја“ – исчисти ја од пороците и ниските особини, „Ти си најдобриот што ја чисти“ – никој не може да ја очисти освен Ти, „Ти си нејзиниот Заштитник“ – нејзин помошник и оној што се грижи за неа, „и нејзиниот Покровител“ – оној што управува со нејзините работи, нејзин Господар, Сопственик и Дарител на благодати. „Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи“ – како знаење за ѕвездите, гатање, маѓија или знаење што не користи на Ахиретот, или знаење според кое човек не постапува, „од срце што не е исполнето со стравопочит“ – не ти се покорува, не се предава и не наоѓа смиреност и спокојство во Твоето спомнување, „од душа што никогаш не се наситува“ – не се задоволува со тоа што ѝ го дал Аллах од дозволена и чиста храна и имот, „и од дова“ – која е одбиена – „што не се прима“.فوائد الحديث
Препорачливо е да се бара прибежиште кај Аллах од сите работи спомнати во хадисот.
Поттик за богобојазливост, ширење на знаењето и постапување според неа.
Корисното знаење е она што ја прочистува душата и во неа раѓа стравопочит кон Возвишениот Господар, која потоа се одразува и на делата на човекот.
Срцето исполнето со стравопочит е она што трепери и се вознемирува при спомнувањето на Аллах, а потоа омекнува и наоѓа спокој.
Инсистирањето за овој свет и ненаситноста во неговите страсти и уживања се покудени. Душата што е ненаситна и врзана за дуњалукот е најголемиот непријател на човекот – затоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, барал заштита од таквата душа.
Човекот треба да се оддалечи од причините што доведуваат до неприфаќањето на довата.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис, како и другите дови со рима, се доказ за кажаното од учените: осудена е само онаа рима што е со преголемо напрегнување, бидејќи ја одзема стравопочитта, понизноста и искреноста, и го одвлекува човекот од вистинската молба и духовната смиреност. Но ако римата доаѓа природно, без труд и напор, поради совршена јазична убавина или е пренесена и научена напамет – тогаш нема пречка, туку тоа е убаво.“