„Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“

„Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“

Од Абас бин Абдулмуталиб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известува дека искрениот верник, чие срце е спокојно со својот иман, ќе ја почувствува вистинската сласт на верата, радоста, широчината во градите и убавината на Аллаховата близина, доколку е задоволен со три нешта: 1. Да биде задоволен со Аллах како негов Господар – односно, неговото срце да биде смирено со сè што Аллах му одредил во однос на ризкот и животните околности. Да не се противи на Неговата одредба и да не бара друг господар освен Аллах. 2. Да биде задоволен со исламот како негова вера – односно, неговото срце да прифаќа со спокојство и убеденост сè што исламот пропишал од наредбите и обврските, без да бара пат надвор од него. 3. Да биде задоволен со Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, како негов пратеник – односно, да прифаќа со љубов и радост сè што тој донел, без двоумење и сомнеж, и да не следи друг пат покрај неговиот пат.

فوائد الحديث

Иманот има своја сласт и вкус што се чувствуваат со срцето, исто како што сласта на храната и пијалаците се чувствува со јазикот.

Телото може да ја почувствува сласта на храната и пијалаците само кога е здраво. Истото важи и за срцето – ако е чисто од болести како заблудите и забранетите страсти, тогаш ќе ја почувствува сласта на иманот. Но, ако е болно и ослабено, нема да ја почувствува неговата сласт, туку може дури и да ужива во она што го води кон пропаст како страстите и гревовите.

Кога човекот е задоволен со нешто и го смета за добро, тоа му станува лесно и не му претставува тежина. Се радува на сè што доаѓа со тоа и го прима со отворено срце. Истото важи и за верникот – кога иманот навистина ќе влезе во неговото срце, послушноста кон Господарот му станува лесна, душата му наоѓа наслада во тоа и не му претставува тежина.

Ибн Кајим вели: „Овој хадис го опфаќа задоволството со Аллаховото господарство и божественост, задоволството со Неговиот пратеник и потполното предавање на него, како и задоволството со Неговата вера и целосната потчинетост кон неа.“

التصنيفات

Зголемување и намалување на иманот - верувањето