إعدادات العرض
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него. А она што ми беше дадено мене е објавата што Аллах ми ја објави. Затоа се надевам дека на Судниот ден ќе имам најмногу следбеници.“
الترجمة
العربية Português دری Tiếng Việt Magyar ქართული Bahasa Indonesia বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Nederlands Hausa ਪੰਜਾਬੀ Kiswahiliالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, спомнал дека сите веровесници Аллах ги поткрепил и им дал знаци и натприродни чуда со кои се докажувала нивната веровесничка мисија и со кои луѓето што ги гледале требало да поверуваат во нивната вистинитост. Тоа биле докази што човек не можел да ги одбие, иако некои од инает ги негирале и упорно им се спротивставувале. Неговиот, салаллаху алејхи ве селем, најголем знак и муџиза е Куранот – објавата што Аллах му ја објавил, во која има јасен доказ, повик кон верата и вести за иднината; чија корист ја опфаќа целата човечка историја – и оние што постоеле, и оние што ќе дојдат по нив. Потоа рекол: „Се надевам дека на Судниот ден јас ќе имам најмногу следбеници.“فوائد الحديث
Потврда дека Аллах им дал знаци на веровесниците – што е израз на Неговата сомилост и добрина кон народите.
Појаснување за величината на муџизата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.
Појаснување за возвишената положба на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и за неговото одличие над другите веровесници.
Ибн Хаџер, коментирајќи ги зборовите: „Она што ми беше дадено е објава што Аллах ми ја објави,“ рекол: „Не е целта да се ограничи бројот на неговите муџизи само на ова, ниту дека тој не го добил од муџизите она што го добиле претходните веровесници. Туку значењето е дека ова е неговата најголема муџиза, со која е одликуван над сите други.“
Имамот ен-Невеви рекол за зборовите: „Се надевам дека јас ќе бидам оној со најмногу следбеници“ – „Ова е еден од доказите за вистинитоста на неговата веровесничка мисија. Тој го кажал тоа во време кога муслиманите биле малубројни, а потоа Аллах им даде победа, им даде многубројност и им даде благослов, сè додека исламот не се прошири на сите страни до степенот што го гледаме денес – благодарноста му припаѓа на Аллах.“
