إعدادات العرض
„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“
„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“
Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული Kurdî বাংলা ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀ Bahasa Indonesiaالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал асхабите: „Дали да ви кажам што носи поголема награда од многу доброволен пост, намаз и садака?“ Тие рекле: „Да.“ Тој рекол: „Поправањето на односите меѓу скараните, бидејќи кавгата предизвикува поделби, студенило, омраза и отуѓување меѓу луѓето. Нарушените односи носат омраза која ја уништува и верата и животот, како што жилетот ја бричи од корен косата.“فوائد الحديث
Традицијата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да прашува и да ги потстрекне асхабите за да го зголеми нивниот интерес за одговорот.
Ет-Тиби рекол: „Ова е поттик и охрабрување за поправка на односите и избегнување на нивното нарушување. Поправката е причина за цврста врска со Аллаховото јаже и за единство меѓу муслиманите. Нарушувањето на односите е пукнатина во верата. Оној што ќе се зафати да ги поправи и да го отстрани расипувањето, ќе достигне степен повисок од оној што пости, клања и се занимава само со својата лична побожност.“
