إعدادات العرض
„Додека одев, слушнав глас од небото, па го подигнав својот поглед и го видов истиот мелек што ми дојде кај Хира
„Додека одев, слушнав глас од небото, па го подигнав својот поглед и го видов истиот мелек што ми дојде кај Хира
Ебу Селеме бин Абдурахман пренесува дека Џабир бин Абдулах ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со обајцата, раскажувајќи за периодот на прекинот на објавата, Пратеникот рекол: „Додека одев, слушнав глас од небото, па го подигнав својот поглед и го видов истиот мелек што ми дојде кај Хира – седеше на престол меѓу небото и Земјата. Се исплашив од него и се вратив, велејќи: ,Покријте ме, покријте ме!ʻ Тогаш Возвишениот Аллах објави: ,О, ти покриен! Стани и опоменувај!‘ (ел-Мудесир: 1–2), сè до Неговите зборови: ,И стој настрана од идолите!‘ (ел-Мудесир: 5). Така објавата почна повторно и продолжи да доаѓа постојано.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული Kurdî বাংলা ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀ Bahasa Indonesia Kiswahili ភាសាខ្មែរ English ગુજરાતી Hausaالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, раскажувајќи за прекинот на објавата на почетокот од неговата мисија, рекол: „Додека одев по улиците на Мека, слушнав глас од небото. Го подигнав погледот и го видов мелекот Џибрил – истиот оној што ми дојде во пештерата Хира – седеше на престол меѓу небото и земјата. Се исплашив и се вратив кај своето семејство, велејќи: ,Завиткајте ме во облека!ʻ. Тогаш Возвишениот Аллах објави: „О, ти покриен!“ - завиткан во облека, – „Стани и опоменувај!“ – т.е. стани, повикувај кон верата и предупреди ги оние што не веруваат. „И Господарот свој" – Кого Го обожуваш, – „величај Го!“ – величај Го и фали Го само Него. „И облеката своја исчисти ја!“ – чувај ја од нечистотија. „И стој настрана од идолите!“ – целосно избегнувај ги. По ова објавата повторно започна и продолжи да доаѓа редовно.“فوائد الحديث
Прекинот на објавата кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за кратко време по објавата на зборовите на Возвишениот: „Читај.“
Дозволено е човек да зборува за искушенијата низ кои поминал, откако тие ќе завршат – како израз на благодарност кон Аллах.
Првото што било објавено по „Читај во името на Господарот твој Кој создава“ биле Аллаховите зборови: „О, ти покриен!“
Аллахова милост и почест кон Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се гледа во тоа што му ја спуштал објавата без прекин сè до неговата смрт.
Обврска е повикувањето кон Аллах и опоменувањето на оние што одбиваат, како и ширењето радосни вести за оние што Му се покоруваат.
Обврска е чистењето на облеката за намаз, врз основа на зборовите на Аллах: „И облеката своја исчисти ја!“
Обврска е верувањето во мелеците и во она што Аллах им го дал како должност и задача.
التصنيفات
Prophet's Lineage