таа го донела својот мал син – кој сè уште не јадел цврста храна – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го…

таа го донела својот мал син – кој сè уште не јадел цврста храна – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го седнал детето во својот скут, па тоа се измокрило врз неговата облека. Тогаш тој побарал вода, ја попрскал облеката и не ја измил

Од Уму Кајс бинт Михсан, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека, таа го донела својот мал син – кој сè уште не јадел цврста храна – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го седнал детето во својот скут, па тоа се измокрило врз неговата облека. Тогаш тој побарал вода, ја попрскал облеката и не ја измил.

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Уму Кајс бинт Михсан, Аллах нека е задоволен со неа, дошла кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со својот мал син кој поради возраста сè уште не јадел цврста храна. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го стави во својот скут, па детето се измокри врз неговата облека. Тогаш тој побара вода, ја попрска облеката и не ја изми.

فوائد الحديث

Благородниот морал на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата голема скромност.

Поттик кон убаво однесување, скромност и благост со децата, како и исполнување на срцата на возрасните со радост, преку укажување почит кон нивните деца – на пример со тоа што ги седнувал во својот скут – и слични дела.

Урината на машко бебе е нечиста, дури и ако сè уште не јаде цврста храна.

Постапката на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се нарекува попрскување (недх), и таа важи посебно за мало машко дете кое сè уште не започнало да јаде цврста храна; додека за женско дете задолжително е миење на урината, дури и ако е мало.

Изметот на бебе кое се храни само со мајчино млеко мора да се измие, како и секоја друга нечистотија.

Миењето на нечистотијата бара повеќе од само нанесување вода.

Најдобро е веднаш да се исчисти местото на нечистотија: и заради побрзо отстранување на валканицата, и за да не се заборави.

التصنيفات

Отстранување на нечистотиите