,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и…

,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и поради голема нужда, мокрење или сон.’

Зир бин Хубејш раскажува: „Дојдов кај Сафван бин Асал ел-Муради за да го прашам за месхот врз кожните чорапи (местви). Тој ме праша: ,Што те доведе, о Зир?’ Јас реков: ,Барањето на знаење.’ Тој рече: ,Навистина, мелеците ги спуштаат своите крилја за оној што трага по знаење – задоволни со она што го бара.’ Јас реков: ,Ми се појави двоумење околу месхот врз кожните чорапи по извршување мала или голема нужда, а ти си човек од асхабите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, па дојдов да те прашам дали си го слушнал да спомне нешто во врска со тоа?’ Тој рече: ,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и поради голема нужда, мокрење или сон.’ Јас реков: ,Дали си го слушнал да спомнува нешто за страста?‘ Тој рече: ,Да. Бевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, на патување, кога одеднаш еден бедуин го повика со гласен повик: ,О, Мухамеде!‘ – па му одговори Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, со глас сличен на неговиот: ,Еве сум.‘ Ние му рековме: ,Тешко тебе, снижи го својот глас, затоа што си пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, а тоа е забрането.‘ Но тој рече: ,Се колнам во Аллах, нема да го снижам.‘ Бедуинот праша: ,Човек сака еден народ, а уште не се придружил кон нив?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Човекот ќе биде со оној кого го сака на Денот на оживувањето.‘ Потоа продолжи да ни раскажува, сè додека не спомна за една врата на западната страна, чија широчина е колку патување, или патник би патувал низ нејзината широчина четириесет или седумдесет години.“

[صحيح] [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Зир бин Хубејш дошол кај Сафван бин Асал, Аллах нека е задоволен со него, за да го праша за месхот врз кожните чорапи. Сафван го праша: „Што те доведе, о Зир?“ Тој одговори: „Барањето на знаење.“ Сафван рече: „Навистина, мелеците ги спуштаат своите крилја од почит за оној кој трага по знаење – изразувајќи задоволство и величење за она што го прави.“ Зир рече: „Се двоумев околу месхот врз кожните чорапи по извршувањето мала и голема нужда, а ти си од асхабите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем. Затоа дојдов да те прашам: дали си го слушнал Веровесникот да спомне нешто во врска со тоа?“ Сафван одговори: „Да. Тој ни наредуваше, кога сме патници, да не ги соблекуваме кожните чорапи три дена и три ноќи поради мала нечистотија – како што се голема нужда, мокрење и сон. Но, во случај на џенабет, задолжително беше да се соблечат.“ Зир праша: „А дали си го слушнал да спомне нешто во врска со љубовта?“ Сафван рече: „Да. Бевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, на едно патување, кога еден бедуин го повика со висок глас: ,О, Мухамеде!‘ – а тој, салаллаху алејхи ве селем, му одговори со глас сличен на неговиот: ,Еве сум.‘ Ние му рековме: ,Тешко тебе, снижи го својот глас, зашто си пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, а забрането е да се крева гласот пред него.‘ Но тој, поради својата грубост, рече: ,Се колнам во Аллах, нема да го снижам.‘ Потоа бедуинот праша: ,О, Божји пратенику, човек ги сака праведните луѓе, а не работи дела како нив?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Човек ќе биде со оној кого го сака на Денот на оживувањето.‘“ Зир рече: „Сафван продолжи да ни раскажува сè додека не спомна дека постои една врата за покајание од страната на Шам, која Аллах ја создал уште кога ги создал небесата и земјата. Низ нејзината широчина патникот би патувал четириесет или седумдесет години. Таа нема да се затвори сè додека сонцето не изгрее од запад.“

فوائد الحديث

Вредноста на барањето знаење, високата положба на оној што го бара, и почитта на мелеците кон него.

Појаснување за трудот на табиините во барањето знаење од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив.

Дозволен е месхот врз кожните чорапи (местви), при што времетраењето е: за патник три дена и три ноќи, а за оној што не е на пат – еден ден и една ноќ.

Месхот врз кожните чорапи важи само при мала нечистотија.

Дозволено е прашувачот да бара од учениот доказ – дали тоа е јасен текст или е изведен со заклучок и иџтихад – а учените не треба да се воздржуваат од одговарање на такви прашања.

Потребата од учтивост со учените и праведниците, и тивко однесување на нивните собири.

Поучување на тој што ме знае на убаво однесување и правила на однесување.

Поттик да се угледаме на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговата благост, убавиот морал и во тоа што им се обраќал на луѓето според нивното знаење и разбирање.

Ел-Мубарекфури рекол: „Навистина, Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го крена својот глас од милост кон него, за да не му се поништи делото – поради зборовите на Севишниот: „О, верници, не кревајте го гласот свој над гласот на Веровесникот“ – па му го прости тоа поради неговото незнаење. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го крена својот глас толку што бил сличен на неговиот или посилен, поради неговата голема милост кон него.“

Стремежот да се биде во друштво на праведните, да се биде близок до нив и да се сакаат.

Ен-Невеви рекол: „Тоа не подразбира дека доколку некој ќе биде со нив, дека и неговата положба и награда ќе бидат како нивните во секој поглед.“

Отворање на вратата на надежта, радосна вест за спасението и љубезност во советот.

Ширината на Аллаховата милост и отворањето на вратата на покајанието.

Поттик да се побрза со покајанието, да се прави самопресметка и враќање кон Севишниот Аллах.

التصنيفات

Месх врз местви (кожни чорапи) и слично