Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе

Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе

Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испратил човек да го собере закатот од племето Бену Сулејм. Тој човек се викал ибн Ел-Лутбија. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повикал да за пресметка на собраното. Човекот рече: „Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти дадат подарок – ако ја зборуваш вистината?“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба. Му заблагодари на Аллах, Го возвиши Него, па рече: „Навистина, јас испраќам некој од вас на должност – за работа што ми ја доверил Аллах – па тој ќе се врати и ќе рече: ,Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.‘ Зошто не остана да седи во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му дојдеше подарокот? Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе: – ќе дојде носејќи камила што рика, – или крава што мука, – или овца што блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја крена раката толку високо што се виде белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Потоа додаде: „Моите очи видоа, а моите уши слушнаа.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, назначи еден човек, по име Ибн Ел-Лутбија, да го собира зекатот од племето Бену Сулејм. Кога се врати во Медина, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика да му положи сметка за она што го собрал и потрошил. Ибн Ел-Лутбија рече: „Ова е вашиот имот што го собрав од зекатот, а ова е подарокот што ми го дадоа.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти беше донесен подарок – ако ја зборуваш вистината? Навистина, правата за кои работеше се причина што ти е даден подарокот, а да останеше дома, ништо немаше да ти биде подарено. Затоа, не смее да го сметаш за дозволено само затоа што стигнало до тебе како подарок.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се искачи на минберот лут, Го пофали Семоќниот и Му заблагодари на Аллах, па рече: „Потоа велам...Јас поставувам некој од вас на работа – на нешто што Аллах ми го доверил: зекатот и воениот плен – па тој се враќа и вели: ,Ова е за вас, а ова е подарокот што ми го дадоа.‘ Зарем не можеше да остане во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му беше донесен подарокот? Се колнам во Аллах, никој нема да земе нешто што не му припаѓа според право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го на својот врат: – ако е камила – ќе рика, – ако е крава – ќе мука, – ако е овца – ќе блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете толку високо што присутните ја видоа белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ова го видоа моите очи и го слушнаа моите уши.“

فوائد الحديث

Владетелот треба јасно да им ги објасни на своите службеници доверените задачи и она што им е забрането во врска со нивната работа.

Силен укор и предупредување за секој што неправедно ќе земе туѓ имот.

На Судниот ден, секој неправедник ќе дојде носејќи го она со што направил неправда.

Секој службеник е должен совесно да ја извршува доверената работа. Не смее да прима подароци поврзани со неговата должност. Ако некој му подари нешто, обврзан е да го предаде во државната каса, а не да го задржи за себе, бидејќи тоа претставува злоупотреба и предавство на довербата.

Ибн Батал рекол: „Овој хадис укажува дека подароците што му се носат на службеник се поради благодарност за услугата, за придобивање на неговата наклонетост или од надеж за отстапување од вистината. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека во однос на тие подароци службеникот е како секој друг муслиман, без посебно право на нив, и затоа не смее да ги присвои за себе.“

Ен-Невеви рекол:

„Овој хадис појаснува дека подароците за службениците се забранети и се сметаат за присвојување на нешто што не му следува (гулул), бидејќи со нив се изневерува доверената должност и аманетот. Затоа во хадисот е спомната казната за таквиот човек – ќе го носи она што му било подарено на Судниот ден – исто како што е спомнато за оној што присвојува од воениот плен. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во истиот хадис ја појаснил и причината за забраната на овие подароци: тие му се даваат поради службата. За разлика од тоа, подарокот за човек кој не е службеник е дозволен, па дури и препорачан.“

Ибн Ел-Мунир рекол: „Од зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – ,Зошто не остана во куќата на својот татко и мајка?‘ – се заклучува дека е дозволено да се прифати подарок од оној кој и претходно му носел подароци.“ Ибн Хаџер додал: „Тоа важи само ако подарокот не ја надминува вообичаената и општоприфатена вредност.“

Методата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во советувањето била општо укажување, без јавно поименично посрамување.

Хадисот укажува на дозволеноста да се направи пресметка (ревизија) на оној кому му е доверена некоја одговорност.

Во него има доказ и за дозволеност на укорување на оној што погрешил.

Од хадисот, исто така, се учи и препорачаноста на кревање на рацете при дова.

التصنيفات

Дар и подарок, Должноста на владателот