إعدادات العرض
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот…
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
Сад, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Bahasa Indonesia Nederlands ਪੰਜਾਬੀالشرح
Сад бин ебу Векас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го гледал образот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поради неговото јасно и силно вртење на главата при предавањето на селамот во намазот – прво кон десната страна при првиот селам, а потоа кон левата страна при вториот.فوائد الحديث
Пропишано е при селамот во намазот главата да се сврти целосно кон десната и кон левата страна.
Пропишано е предавањето на два селама: првиот кон десната, а вториот кон левата страна.
Имамот ен-Невеви рекол: „Ако некој ги предаде двата селама упатувајќи ги двапати кон десната страна, или двапати кон левата, или обата кон предната страна, или првиот кон левата а вториот кон десната страна – намазот ќе му биде исправен и двата селама ќе се сметаат. Но ќе ја изгуби посебната вредност што произлегува од нивното правилно извршување.“
