إعدادات العرض
„Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“
„Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀ Bahasa Indonesia Kiswahili Hausa ភាសាខ្មែរ English ગુજરાતીالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, препорачал кога некој е во последните моменти од животот покрај него да се изговара и повторува формулата на тевхидот „Ла илахе иллаллах“, за и тој да ја каже – за таа да биде неговиот последен збор пред смртта.فوائد الحديث
Препорачливо е тој што е пред смрт да биде потсетен и насочен да ја изговори реченицата на тевхидот.
Непожелно е претерано повторување или наметливо зборување, ако еднаш ја изговорил или ако е јасно дека ја разбрал – за да не се вознемири и да не изговори нешто несоодветно.
Имамот ен-Невеви рекол: „Ако ја изговори еднаш, повеќе не треба да му се повторува, освен ако после тоа каже нешто друго – тогаш повторно да му се укаже за да му биде ,Ла илахе иллаллах‘ последниот збор.“
Хадисот укажува на препораката да се биде покрај тој што е пред смрт: да му се даде потсетување, да се утеши, да му се затворат очите и да се исполнат неговите права.
Не е пропишан телкин (потсетување) по смртта, ниту кај гробот по погребот – бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тоа не го правел.
التصنيفات
Смртта и прописите поврзани со неа