„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив

„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека доколку луѓето би знаеле колкава е вредноста, добрината и бериќетот што се крие во езанот и првиот ред на намазот – и доколку би немале друг начин да го добијат освен преку фрлање ждрепка за тоа кој има поголемо право – сигурно би фрлале ждрепка. Кога би знаеле колкава е наградата за рано доаѓање на намаз –би се натпреварувале кој побрзо ќе пристигне. И кога би знаеле што се крие во јацискиот и сабахскиот намаз – би доаѓале на нив дури и ползејќи на колена, како што ползи малото дете .“

فوائد الحديث

Укажување на големата вредност на езанот.

Укажување на вредноста на првиот ред и близината до имамот.

Поттик за рано доаѓање на намазот во неговото препорачано време, поради неговата огромна вредност и бројните придобивки – како што се: заземање на првиот ред, учество во намазот од самиот почеток, извршување на нафили, учење Куран, користа на дови и истигфар од мелеците, како и тоа дека човекот се смета дека е во намаз сè додека го чека намазот – и многу други добрини.

Силен поттик за присуство на јацискиот и сабахскиот намаз во џемат, бидејќи тие се потешки за човек поради прекинувањето на сонот – на неговиот почеток и крај – и токму затоа тие два намаза беа и се најтешки за лицемерите.

Ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ дека е дозволено користење ждрепка во ситуации кога за одредено право има голем број кандидати или постои опасност од расправија.“

Вториот ред е подобар од третиот, третиот од четвртиот – и така по редослед.

التصنيفات

Вредности, Сунети на намазот