إعدادات العرض
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar Tiếng Việt ქართული বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀ Indonesia Kiswahili ភាសាខ្មែរ English ગુજરાતી Hausa Tagalog Русский മലയാളം मराठीالشرح
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека постелата на која спиел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, била направена од обработена кожа и беше наполнета со палмини влакна. Таква била и неговата перница на која се потпирал.فوائد الحديث
Овој хадис покажува во каков зухд и оддалеченост од удобностите на дуњалукот живеел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, иако Возвишениот Аллах му овозможил – ако посака – да ужива во нив.
Дозволеноста човекот да користи постели и перници, и да спие или да се потпира на нив.
Верникот треба да го спореди својот живот со животот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, зашто тој е најдобриот пример. Оној кој ќе го следи неговиот пат, ќе биде упатен и успешен и на дуњалукот и на Ахиретот.
Потсетување за важноста на подготовката за Ахиретот, и дека верникот треба да се задоволи од дуњалукот со она што му помага да му биде покорен на Аллах, а не да се преокупира со натпреварување во собирање имот и удобности. Аллах ги укорил оние што му се препуштиле на тоа во Неговите зборови:
„Ве окупира натпреварувањето во умножувањето на богатството сè додека гробовите не ги населите.“ (Ет Текасур, 1-2)
