„Не е благодарен на Аллах оној што не е благодарен на луѓето.“

„Не е благодарен на Аллах оној што не е благодарен на луѓето.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е благодарен на Аллах оној што не е благодарен на луѓето.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي وأحمد]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека оној што нема навика да им биде благодарен на луѓето за добрината и убавината што му ја прават – нема да има навика ниту искрено да Му се заблагодари и на Аллах, бидејќи овие две нешта се поврзани: кој има навика да ја потценува добрината на луѓето и да не им се заблагодарува, обично е навикнат и да ја потценува Аллаховата благодат и да не Му благодари доволно.

فوائد الحديث

Важноста на искажување благодарност на луѓето за нивната добрина.

Вистинскиот Дарител е Аллах, а луѓето се само средство преку кое Тој дава – затоа благодарноста кон луѓето е дел од благодарноста кон Аллах.

Благодарноста кон луѓето е знак на благороден и потполн карактер.

التصنيفات

Добри морални особини