Навистина, овие домашни животни понекогаш се однесуваат како диви – па ако нешто од нив ви побегне и не можете да го совладате, постапете со него како што…

Навистина, овие домашни животни понекогаш се однесуваат како диви – па ако нешто од нив ви побегне и не можете да го совладате, постапете со него како што постапивте сега.‘“

Рафи’ бин Хадиџ, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во местото Зул-Хулејфа, кога луѓето ги снајде глад. Тогаш наидоа на неколку камили и овци, кои ги запленија па ги заклаа и ги ставија казаните да варат месо. Во тој момент, пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше при крајот на колоната. Кога пристигна и го виде тоа што го направиле, им нареди да ги превртат казаните – и тие ги превртија. Потоа направи поделба – десет овци ги изедначи со една камила. Една од камилите побегна, па се обидоа да ја фатат, но не успеаја – иако имаа неколку коњи со себе. Еден од нив ја погоди со стрела и Аллах ја сопре. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Навистина, овие домашни животни понекогаш се однесуваат како диви – па ако нешто од нив ви побегне и не можете да го совладате, постапете со него како што постапивте сега.‘“ Рафи’ рече: ,Очекуваме – или се плашиме – дека утре ќе се соочиме со непријателот, а немаме ножеви. Можеме ли да колеме со остри трски?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Сè што ја пушта крвта и при што се спомне Аллаховото име – јадете од тоа. Но не колете со заб или со нокт. Ќе ви објаснам зошто: забот е коска, а ноктот – тоа е ножот на Абесинците.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Рафи’ бин Хадиџ, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека биле со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во местото Зул-Хулејфа, кога ги зафатила глад. Тогаш добиле воен плен од мушриците – камили и овци – па, не чекајќи поделба, заклале дел од нив и ставиле казани да готват, без претходно да побараат дозвола од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Тој, во тој момент, се наоѓал на крајот од колоната. Кога пристигнал и дознал што направиле, наредил казаните да се превртат – и тие беа истурени заедно со варивото во нив. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го поделил пленот и одредил дека една камила вреди колку десет овци. Но една од камилите побегна, па не можеа да ја фатат, бидејќи имаа малку коњи. Еден човек ја погоди со стрела – и Аллах ја сопре. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Овие питомни животни понекогаш се однесуваат како дивите, па кога нешто од нив ќе ви избега, а не можете да го совладате, постапете со него како што постапивте сега.“ Рафи’ потоа рече: „Очекуваме дека утре ќе се соочиме со непријателот, а стравуваме дека со колење ќе ги оштетиме сечилата на нашите оружја, а немаме ножеви. Дали може да колеме со остри трски?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Сè што ја пушта крвта во изобилство и при што е спомнато името на Аллах – јадете од тоа. Но, не колете со заб ниту со канџа. Ќе ви објаснам зошто: забот е коска, а канџата – таа е сечиво што го користат неверниците од Абесинија.“

فوائد الحديث

Прикажување на една страна од скромноста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – тој одел зад колоната, се грижел за асхабите, ги следел нивните состојби и го прифаќал нивниот совет.

Воспитување на народот и војската од страна на имамот: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги укорил поради нивното избрзувње и постапување без дозвола – а последицата беше тоа што останаа без она што го посакувале.

Брзата покорност на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, на наредбите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Забрана да се зема од воениот плен пред да биде поделен.

Поттикнување на правдата – особено во време на џихад против непријателите – затоа што правдата е причина за победа и надмоќ над нив.

Имамот Невеви вели: „Ако припитомено животно – како камила, крава, коњ или овца – подивее и побегне, тогаш се третира како дивеч и дозволено е да се фати со стрелање.“

За животното да биде дозволено за јадење, мора да биде заклано според шеријатските прописи, а за тоа постојат следниве услови:

1. Да биде од животните чие месо е дозволено според шеријатот.

2. Да може да се совлада – ако не може, тогаш важат правилата за лов.

3. Да биде копнено животно – бидејќи морските не се бара исполнување на овие услови.

Услови за исправно колење:

1. Тој што коле животно мора да биде разумна личност, муслиман или следбеник на Книга (христијанин или евреин).

2. При колењето задолжително треба да се спомне Аллаховото име.

3. Алатот мора да биде остар, без разлика од каков материјал – освен ако е заб или канџа, бидејќи тие не се дозволени.

4. Ако животното може да се совлада, треба да се заколе на шеријатскиот начин: со пресекување на душникот, хранопроводот и двете југуларни вени (каротиди).

التصنيفات

Колење