إعدادات العرض
„Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем
„Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем
Ел-Бера, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Неговата коса достигнуваше до рамењата, рамењата му беа широки, а висината му беше средна – ниту премногу висок, ниту низок.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Français Hausa Português മലയാളം Kurdî Русский Tiếng Việt Kiswahili Magyar ქართული සිංහල Română অসমীয়া ไทย ગુજરાતી मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ Nederlandsالشرح
Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, известува дека никогаш не видел човек со коса која му паѓа на рамењата, облечен во наметка и долна облека со црна основа и црвени линии, да изгледа поубаво од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Од неговите физички особини биле: широки рамења и гради, а по висина бил среден – ниту висок, ниту низок.فوائد الحديث
Истакнување на дел од убавите надворешни особини на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – како убавата коса, широките гради, умерената висина и други особини.
Љубовта на благородните асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се манифестира и во нивната посветеност верно да ги пренесат на идните генерации неговите физички и морални особини.