„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘

„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘

Муаза раскажува: „Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘ Таа ми рече: ,Да не си ти харуријка?‘ Реков: ,Не сум харуријка, туку само прашувам.‘ Таа рече: ,И нас тоа нè снаоѓаше, па ни беше наредено да го надокнадуваме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадуваме намазите.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Муаза ел-Адевија ја прашала мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: „Зошто жената после менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?“ Аиша ја прашала: „Да не си ти од хариџиите – харуриите – кои прашуваат инаетејќи се и поради претерана строгост?“ Муаза одговорила: „Не сум харуријка, туку само прашувам.“ Аиша рекла: „И нас нè снаоѓаше менструација во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, па ни беше наредено да го надокнадиме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадиме намазите.“

فوائد الحديث

Осуда на секого што поставува прашања од инает или со намера за расправа.

Харуриите – нивното име потекнува од местото Харура, близу Куфа. Тие се една од групите на хариџиите, а Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, ја споредила Муаза со нив поради нивната претерана строгост и честото поставување прашања само заради инает.

Учителот е должен да му појасни на оној што бара знаење и насока.

Најисправно е да се одговори со јасен текст, како што направила Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, бидејќи одговорот заснован на јасен текст ја спречува секоја можност за понатамошно противење и расправа.

Верникот треба да му се предаде на прописот на Аллах и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дури и кога не ја знае мудроста од прописот.

Ен-Невеви рекол: „Значењето на зборовите на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, е дека една група од хариџиите сметале дека жената после менструација е должна да ги надокнади намазите што ќе ги изостави во тој период, што е спротивно на консензусот на муслиманите. Нејзиното прашање ,Да не си ти харуријка?‘ било со осудувачка намера, односно: ,Ова е начинот како постапуваат харуријките – а тоа е многу лош начин.‘“

التصنيفات

Менструален циклус, постпородилен период и истихаза, Надоместување на пропуштените денови на постот