إعدادات العرض
„На Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до створенијата, ќе им се доближи на растојание од една милја.“
„На Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до створенијата, ќе им се доближи на растојание од една милја.“
Ел-Микдад бин ел-Есвед, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „На Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до створенијата, ќе им се доближи на растојание од една милја.“ Сулејм бин Амир рекол: „Се колнам во Аллах, не знам дали мислел на милја како растојание на земјата или на милја како стапче за кохл (шминка за очи).“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, продолжи: „Луѓето ќе бидат потопени во потта според своите дела, на некои ќе им биде до глуждовите, на некои до колената, на некои до половината, а некои ќе бидат сосема потопени – така што потта ќе им биде до устата.“ И Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со раката посочи кон устата.
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека на Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до созданијата – сè додека не се доближи на растојание од една милја над нивните глави. Табиинот Сулејм бин Амир рекол: „Се колнам во Аллах, не знам на која милја мислел – дали на земјено растојание или на милја како стапче за кохл (шминка за очи).“ Потоа рекол: „Луѓето ќе бидат потопени во потта според своите дела: на некои потта ќе им биде до глуждовите, на некои до колената, на некои до половината и појасот, а некои толку ќе бидат потопени што потта ќе им допира до устата и ќе ги спречува да зборуваат.“ Кога го кажа ова Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со раката посочи кон устата.فوائد الحديث
Објаснување на стравотиите и ужасите на Судниот ден и засплашување на луѓето со нив.
Луѓето ќе ја доживеат тежината на тој ден сходно со нивните дела.
Поттикнување на добри дела и предупредување од лошите.
التصنيفات
Ахиретскиот - вечниот живот