إعدادات العرض
„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“
„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ বাংলা Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил муслиманот – кога станува збор за овосветските работи, како што се положбата, богатството, угледот и слично – да гледа кон оние што се во полоша состојба од него, а не кон оние што се во подобра положба. Гледањето кон послабите е причина човек да не ги потцени и обезвредни благодатите што Аллах му ги дал.فوائد الحديث
Задоволството со она што човек го има е едно од највредните својства на верникот и е показател дека е задоволен со Аллаховата одредба.
Ибн Џерир рекол: „Овој хадис е сеопфатен и опфаќа различни аспекти на добрината. Кога човек ќе погледне некој што го надминал во овосветски работи, неговата душа ќе посака да го има истото, ќе ги потцени благодатите што Аллах му ги подарил и ќе се стреми – по секоја цена – да се изедначи или приближи со другиот. Тоа е честа состојба кај луѓето.
Но, кога ќе погледне кон оној што има помалку, ќе ја препознае големината на Аллаховата благодат врз него, ќе Му се заблагодари, ќе стане поскромен и ќе биде поттикнат кон правењето добро.“
التصنيفات
Душевното чистење