„Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“

„Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“

Абдулах бин Амр бин ел-Ас, Аллах нека биде задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека навистина успеал и се спасил оној што Му се покорил на својот Господар, што Аллах го упатил кон исламот, што има дозволен ризк – доволно за неговите потреби, ниту повеќе ниту помалку – и што е задоволен со она што Аллах му го доделил.

فوائد الحديث

Вистинската среќа на човекот се огледа во потполноста на неговата вера, поседувањето доволно за неговите животни потреби и задоволството со она што Аллах му го дал.

Поттик да се биде задоволен со она што го поседуваш од дуњалукот, придружено со исламот и следењето на Сунетот.

التصنيفات

Осудување на љубовта кон овој свет