إعدادات العرض
„Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
„Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
Ел-Есвед бин Језид раскажува: Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: „Што правеше Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во својот дом?“ Таа одговори: „Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
[صحيح] [رواه البخاري]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල ئۇيغۇرچە Kurdî Tiếng Việt Magyar ქართული Kiswahili मराठी Română অসমীয়া ไทย Hausa Português دری አማርኛ ភាសាខ្មែរ Nederlandsالشرح
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била прашана за тоа како Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се однесувал во својот дом и што работел таму. Таа одговори: „Беше човек како и сите други – ги извршуваше работите што ги прават мажите во своите домови: сам си служеше себеси а им служеше и на своите, ја молзеше овцата, ја крпеше облеката, ги поправаше сандалите и ја лепеше кофата. А кога ќе се проучеше икаметот за намаз, веднаш излегуваше да клања, без одлагање.“فوائد الحديث
Потполната скромност на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата благост кон семејството.
Овоземни обврски не смеат да го одвлекуваат човекот од намазот.
Постојаната грижа на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, да го клања намазот на почетокот на неговото време.
Ибн Хаџер рекол: „Ова е поттик за понизност, напуштање на горделивоста и служење на човекот на своето семејство.“