إعدادات العرض
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да…
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Español Kurdî Tiếng Việt Magyar ქართული සිංහල Kiswahili Română অসমীয়া ไทย Hausa Português मराठी دری አማርኛ বাংলা ភាសាខ្មែរ Nederlandsالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној кој ќе изучува шеријатско знаење, чија основна цел е да се бара Аллаховото задоволство, но го изучува единствено за да постигне и стекне нешто од дуњалучките придобивки – било тоа богатство или углед – на Судниот ден нема ни да го почувствува мирисот на Џенетот.فوائد الحديث
Обврската за искреност во барањето знаење и поттик на тоа.
Сериозно предупредување против користењето на шеријатското знаење за истакнување меѓу другите или како средство за стекнување дуњалучка корист, бидејќи тоа спаѓа меѓу големите гревови.
Оној кој учи и студира, исклучиво заради Аллах, а потоа му дојдат и дуњалучки придобивки како последица на тоа, дозволено е да ги прифати и тоа нема да му наштети.
Ес-Синди рекол: „Зборовите ,мирисот на Џенетот‘ се однесуваат на неговата арома, што укажува на истакнатата забрана за влез во Џенет (за таа категорија луѓе), бидејќи оној кој не може ни да помириса нешто, нема да може ни да го добие.
Оној кој ќе учи знаење чија цел е да се бара само Аллаховото лице, но тоа го прави заради работна позиција или поради други лични интереси, должен е да се покае пред Аллах. Тој, со Својата огромна добрина и милост, ќе ја избрише штетата од таквата расипана намера.
Ова предупредување се однесува на оној кој бара шеријатско знаење, додека оној кој бара дуњалучко знаење – како инженерство, хемија и слично – заради материјална корист, ќе ја добие наградата или последицата според својата намера.