إعدادات العرض
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘ А кога ќе излезе, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, сочувај ме од проклетиот шејтан!‘ А според верзијата на ел-Хаким: ,Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан!‘“
الترجمة
العربية Português دری Magyar ქართული Tiếng Việt বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Bahasa Indonesia Nederlands ਪੰਜਾਬੀالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го поучил муслиманот – кога сака да влезе во џамија – најнапред да упати селам кон него, велејќи: „Аллахумме салли ве селлим ала Мухаммед“. Потоа да изговори: „Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост.“ А кога ќе излегува, повторно да упати селам на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и да изговори: „Аллаху мој, сочувај ме од проклетиот шејтан.“ Во друга верзија, забележана од ел-Хаким, стои: „Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан.“فوائد الحديث
Препорачливо е изговарањето на оваа дова при влегување и излегување од џамија.
Овој зикр е општ и важи за сите џамии, вклучувајќи го и Месџидул Харем.
Посебноста во тоа што при влегување се спомнува милоста, а при излегување заштитата од шејтанот – е поради тоа што оној што влегува во џамија се занимава со дела кои го приближуваат кон Аллах и кон Неговиот Џенет, па затоа е соодветно да ја спомне милоста. А кога ќе излезе, тој излегува во овој свет, во кој има многу искушенија и пречки, па затоа е соодветно да побара од Аллах заштита и чување од шејтанот.
التصنيفات
Прописи за џамиите