إعدادات العرض
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш легна да спие на рогоска, па кога стана, на неговиот бок останаа траги од неа. Му рековме: „О Божји пратенику, да ти подготвиме постела?“ Тој одговори: „Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili অসমীয়া English ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdîالشرح
Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш легнал на мала асура изработена од лисја на растенија, па кога станал, рогоската оставила траги на неговиот бок. Му рековме: „О Божји пратенику, ако ти подготвиме мека постела, ќе ти биде подобро отколку да лежиш на оваа груба рогоска.“ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Јас немам љубов ниту наклонетост кон дуњалукот за да посакувам нешто од него. Мојот пример и престојот на овој свет е како патник што се засолнил под сенка од дрво, а потоа ја напуштил и продолжил понатаму.“فوائد الحديث
Укажување на аскетството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кон дуњалукот и неговото одвраќање од него.
Хадисот не повикува на напуштање на она што е нужно од дуњалукот, туку предупредува од преокупираност со него на сметка на Ахиретот. Во примерот, човекот се засолнил под сенка од дрво и ја искористил само како средство за да стигне до целта – без да се приврзе за неа.
Поттик да се земе поука од животот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи тој е најдобриот пример. Оној што ќе го следи неговиот пат, ќе биде упатен и ќе успее и на дуњалукот и на Ахиретот.
Љубовта на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и нивната грижа за него.
Дозволеноста на употреба сликовити примери и споредби во даветот и подучувањето.