إعدادات العرض
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“ Кога правеше руку, не ја креваше главата нагоре, ниту ја наведнуваше надолу, туку држеше средина. Кога ќе ја кренеше главата од руку, не одеше веднаш на сеџда сè додека целосно не се исправеше стоејќи. А кога ќе ја кренеше главата од сеџда, не правеше повторна сеџда сè додека не седнеше исправено. На секои два реката изговараше „ет-Техијјат.“ Ја пружаше својата лева нога, а ја исправуваше десната. Го забрануваше „седнувањето на шејтанот“ и забрануваше човек да ги спушта своите раце на земја како ѕвер. И го завршуваше намазот со селам.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî دری Tiếng Việt Magyar ქართული ไทย অসমীয়া Nederlandsالشرح
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажала за намазот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, дека тој го започнувал својот намаз со почетниот текбир, изговарајќи: „Аллаху екбер“ и го започнувал учењето со сурата „Ел-Фатиха“: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин...“ Кога одел на руку после стоењето, не ја кревал главата ниту ја наведнувал, туку ја држел рамна и исправена. А кога ќе ја кренел главата од руку, целосно се исправувал стоејќи пред да отиде на сеџда. И кога ќе ја кренел главата од првата сеџда, не одел на втората сеџда сè додека не седнел исправено. Седнувал после секои два реката за тешехуд и изговарал: „Ет-техијјату лиллахи, вес-салавату, вет-тајјибат...“ А кога седел меѓу двете сеџди или на тешехуд, ја спуштал левата нога и седел врз неа, а десната нога ја исправувал. Забранувал клањачот да седи во намазот како што седи шејтанот – така што ги спушта двете стапала на земја и седи врз петите, или ги прилепува задникот за земја, ги исправува нозете и ги става рацете на земја како што се спушта куче, или клањачот да ги спушти и да ги рашири своите подлактици на земја при сеџда, како што тоа го прават ѕверовите. А намазот го завршувал со селам: „Ес-селаму алејкум ве рахметуллах“ – еднаш на десната страна и еднаш на левата.فوائد الحديث
Појаснување за дел од описот на намазот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.
Задолжителноста на почетниот текбир – со него започнува намазот и со тоа станува забрането секакво зборување или постапка што не припаѓа во намазот. Ниту една друга изјава не може да го замени овој текбир при започнувањето на намазот.
Задолжителноста на рецитирањето на сурата „Ел-Фатиха“.
Задолжителноста на руку, при што најдобро е главата и грбот да бидат израмнети – без кревање и без претерано наведнување.
Обврската за кревањето од руку и должноста исправено да се стои по него.
Задолжителноста на сеџдата, кревањето од неа и задолжителноста на седење исправено по неа.
Пропишаноста клањачот да ја спушти левата нога и да седи врз неа, а десната да ја исправи за време на седењето во намазот. А при последниот тешехуд во намазот кој има два тешехуда – како акшамскиот и јацискиот – пропишано е седење во положбата наречена „теверук“; за тоа постојат и други хадиси.
Забрана за уподобување на шејтанот во неговото седење – кога човек седи врз петите и ги спушта стапалата на земја, или пак ги исправува стапалата и седи меѓу нив на земја.
Забрана за уподобување на ѕверовите во нивното спуштање – кога клањачот ги раширува и ги полага подлактиците на земја за време на сеџда, бидејќи тоа е знак на мрзеливост и слабост.
Забрана за имитирање на шејтанот и животните во нивните постапки.
Задолжителноста намазот да се заврши со селам, што претставува дова за сите клањачи – и присутни и отсутни, од праведните – да бидат заштитени од сите зла и недостатоци.
Обврската за смиреност во намазот.
