„Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место

„Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место: ако е од жителите на Џенетот, му се прикажува местото во Џенетот; а ако е од жителите на Огнот, му се прикажува местото во Оганот. Му се вели: ,Ова е твоето место – сè додека Аллах не те оживее на Судниот ден.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога човекот ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место и подготвеното живеалиште – ако е од жителите на Џенетот, му се прикажува местото во Џенетот; а ако е од жителите на Џехенемот, му се прикажува местото во Џехенемот. Му се вели: „Ова е твоето место, каде што ќе бидеш испратен кога Аллах ќе те оживее на Судниот ден.“ Во тоа има награда за верникот, а казна за неверникот.

فوائد الحديث

Казната и уживањето во гробот се вистина.

Ибн Хаџер рекол: „Ова прикажување на местото – за богобојазливиот верник и за неверникот – е јасно. А што се однесува до верникот којшто помешал добри со лоши дела, можно е и нему да му се прикаже местото во Џенетот, во кој на крајот ќе влезе.“

التصنيفات

Задгробниот живот