إعدادات العرض
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на…
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Português සිංහල Kiswahili অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Hausa Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenskaالشرح
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта во разни ибадети, ги будеше домашните, се залагаше повеќе од вообичаено и целосно се посветуваше на ибадетот, одвојувајќи се од жените.فوائد الحديث
Поттик да се искористат вредните временски периоди за добри дела.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис укажува дека е препорачливо во последните десет ноќи од рамазан да се зголеми ибадетот и тие ноќи да се оживеат со ибадет.“
Верникот треба да се грижи за своето семејство, да ги поттикнува на ибадет и да покаже трпение со нив.
Чинењето добри дела бара цврста одлука, истрајност и трпеливост.
Ен-Невеви рекол: „Учените имаат различни мислења во врска со значењето на зборовите ,го стегаше појасот‘. Некои велат дека тоа значи дека се залагал уште повеќе во ибадетот од вообичаено. Смислата е дека целосно се посветувал на ибадетот. Се вели: ,го стегнав појасот за таа работа‘, односно: се подготвив и целосно ѝ се посветив. Други, пак, велат дека ова е метафора за воздржување од односи со жените поради посветеност кон ибадетот.“