„Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту…

„Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, е пренесено дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја поучил на оваа дова: „Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем. Аллахумме инни ес'елуке мин хајри ма сеелеке 'абдуке ве небијјуке, ве е'узу бике мин шерри ма 'азе бихи 'абдуке ве небијјуке. Аллахумме инни ес'елукел-џеннете, ве ма карребе илејха мин кавлин ев 'амел, ве е'узу бике минен-нари, ве ма карребе илејха мин кавлин ев 'амел, ве ес'елуке ен теџ'але кулле кадаин кадајтеху ли хајрен“ (О Аллаху, од Тебе барам секакво добро, итно и одложено, она што го знам и она што не го знам. И барам засолниште кај Тебе од секакво зло, непосредно и одложено, она што го знам и она што не го знам. О Аллаху, од Тебе го барам најдоброто од она за што од Тебе го побарал Твојот слуга и Пратеник и барам прибежиште кај Тебе од злото од она од кое што барале засолниште Твојот слуга и Пратеник. О Аллаху, од Тебе го барам Џенетот, и говорот или делото кое ме приближува кон него, и барам засолниште при Тебе од Огнот, и од говорот или делото кое ме приближува до него, и од Тебе барам секоја одредба (судбина) што си ми ја одредил да биде добра).

[صحيح]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја поучил Аиша, радијаллаху анха, со сеопфатни дови, меѓу кои се четири: Прво: Општа молба за секое добро: (О Аллаху, Те молам за секое добро) и потполно (непосредно) што е временски блиску, (и одложено) што е далечно, (она што го знам) што си ме научил, (и она што не го знам), она што е во Твоето знаење, Во овој хадис работата му ја доверуваме на Аллах, Сезнајниот, Које известен за сè, Благиот. А Аллах, Возвишениот, го избира за муслиманот најдоброто и најубавото за него. „Барам засолниште“ заштита и одбрана „од Тебе од секакво зло, непосредно и одложено, она што го знам и она што не го знам“. Втора молба: Го штити муслиманот од претерувањето во довата: „О Аллаху, од Тебе го барам“ и Ти се молам за „Најдоброто од она кое Твојот слуга и Пратеник го бараше од Тебе“, салаллаху алејхи ве селем, „И барам засолниште“ и заштита „од Тебе од злото од кое бараше засолниште Твојот слуга и Пратеник“, салаллаху алејхи ве селем. Ова е дова и барање од Аллах да му се даде на молителот од она за што го молел и го барал за себе Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, без прецизирање на тоа за што тој молел. Трета молба: Барање за влез во Џенетот и оддалечување од пеколниот оган. Ова е желбата на секој муслиман и крајната цел на неговите постапки: „О Аллаху, од Тебе го барам Џенетот“ и неговото достигнување, „и она што доближува до него од говор или дела“ со кои Ти си задоволен, „и барам заштита кај Тебе од Огнот“ бидејќи нема заштита од грдите дела освен преку Твојата добрина, „и од она што приближува до него од говорот или делата“ гревовите кои ја предизвикуваат Твојата лутина. Четврта молба: Дова за задоволство со Аллаховиот кадер-одлука (и од Тебе барам секоја одлука што си ми ја одредил да ја направиш добра) и секоја работа што Аллах ќе ја одреди за мене, да ми ја направи добра. Ова е дова за задоволство со Аллаховиот кадер.

فوائد الحديث

Човекот треба да го научи своето семејство со работите што ќе им користат во однос на верата и животот, како што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја научил Аиша, радијаллаху анха.

Подобро за муслиманот е да ги научи напамет довите пренесени од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи тие се сеопфатни дови.

Зналците за овој хадис рекоа: Тоа е најсеопфатниот хадис за барање на секое добро и засолнување од злото. Тоа е од најсеопфатниот говор што му е даден на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Меѓу причините за влегување во Џенетот, по Аллаховата милост, се и: добрите дела и зборовите.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови