Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“

Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“

Ебу Сеид, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Џибрил му дојде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Мухамед, дали си болен?‘ Тој одговори: ,Да.‘ Тогаш Џибрил рече: ,Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Мелекот Џибрил, алејхис-селам, дошол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашал: „О, Мухамед, дали си болен?“ Тој одговорил: „Да.“ Тогаш Џибрил му учел рукја, велејќи: „Со Аллахово име“ – кај Него барам помош – „ти учам рукја“ – и барам заштита за тебе, „од сè што може да ти наштети“ – било мало или големо, „од злото на секоја злобна душа,“ – расипана душа, „и од завидливото око" што може да те погоди. „Аллах нека те излекува", – нека те заштити и сочува од секоја болест. „Со Аллахово име ти учам рукја.“ Овие зборови Џибрил ги повторил за да ги потенцира, започнувајќи и завршувајќи со Аллаховото име – како потсетување дека само Тој навистина носи корист и излекување.

فوائد الحديث

Дозволено е човекот да каже дека е болен ако тоа е со цел за појаснување на моменталната состојба, а не како израз на негодување или приговор.

Рукјата е дозволена под следниве услови:

1. Да биде со Куран, со спомнување на Аллах и со шеријатски дозволени дови.

2. Да биде на арапски јазик или на друг јазик со познато значење.

3. Да се верува дека рукјата сама по себе не делува, туку дека е само средство и делува само со дозвола на Севишниот Аллах.

4. Да биде чиста од ширк, харам, бидат или нешто што води кон тоа.

Потврда дека урокливото око постои и дека навистина може да наштети, па затоа е препорачливо да се побара заштита со рукја.

Препорачливоста рукјата да се прави на начин како што е пренесен во хадисите.

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и секој друг човек, бил изложен на болести.

Аллаховата грижа и заштитата на Неговиот пратеник се манифестирала и преку задолжување на мелеци за неговата заштита.

التصنيفات

Шеријатска рукја