„Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори:…

„Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори: ,Да ја храниш кога и самиот јадеш, да ја облекуваш кога и ти се облекуваш или кога стекнуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.‘“

Од Муавија ел-Кушејри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори: ,Да ја храниш кога и самиот јадеш, да ја облекуваш кога и ти се облекуваш или кога стекнуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.‘“

[حسن] [رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد]

الشرح

На Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му беше поставено прашањето: „Кое е правото на сопругата над нејзиниот сопруг?“ Тој одговори споменувајќи неколку работи, меѓу кои: Прво: Да ја храниш секогаш кога и самиот јадеш, а да не ја лишуваш од тоа. Второ: Да ја облекуваш кога и самиот се облекуваш или кога стекнуваш средства за тоа (да и обезбедиш облека како што обезбедува за себе). Трето: Не ја удирај освен ако има оправдана причина и потреба, а дури и тогаш, нека биде благо и без нанесување повреда. Никогаш не ја удирај по лицето, бидејќи тоа е најчесниот и највидливиот дел од телото, на кој се наоѓаат благородни и чувствителни органи. Четврто: Не ја навредувај и не кажувај зборови како: „Аллах нека ти го изгрди лицето“, ниту пак нарекувај некој нејзин дел грд, бидејќи сè што е создадено е дело на Аллах, Кој го создал човекот во најубава форма. Навредата на создаденото води кон навреда на Создателот – Аллах нека не чува од тоа! Петто: Не ја одбегнувај освен во постелата, но без целосно отуѓување, ниту пак преселувај ја во друга куќа. Ова важи за случаите кога се имаме привремена оддалеченост меѓу сопружниците како воспитна мерка.

فوائد الحديث

Грижата на асхабите за запознавањето на нивните обврски кон другите, како и со правата што им припаѓаат.

Сопругот е должен да ѝ обезбеди на сопругата издршка, облека и живеалиште.

Забрането е навредување, било вербално или физичко.

Еден од облиците на забрането навредување е да ѝ се каже: „Ти потекнуваш од понижено племе“ или „Ти си од лошо семејство“, како и слични изрази што омаловажуваат.

التصنيفات

Брачниот сп