„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде…

„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова за проклетство, отфрлање и оддалечување од Аллаховата милост за четири категории: 1. Таа што себеси или на друга ѝ додава вештачка коса. 2. Таа што бара од друга да ѝ се додаде вештачка коса. 3. Таа што тетовира – боцкајќи со игла делови од телото, како лицето, дланките или градите, а потоа нанесува боја сè додека местото не добие синкава или зеленикава трага – со цел за украс и разубавување. 4. Таа што бара да биде тетовирана. Ваквите постапки се вбројуваат меѓу големите гревови.

فوائد الحديث

Ибн Хаџер рекол: „Забраната се однесува на додавањето коса на коса. Но, ако жената ја продолжи косата со нешто што не е коса – како крпа или слично – таквото дело не потпаѓа под оваа забрана.“

Забрането е соработувањето во грев и престап.

Забрана за менување на Аллаховото создание, бидејќи тоа е измама и прикривање на вистината.

Дозволено е да се проколнат оние што Аллах и Неговиот пратеник ги проколнале – кога станува збор за општа одредба, а не поединечно.

Во забраната за додавање коса денес спаѓа и носењето перика, поради тоа што претставува имитирање на неверниците, како и измама и прикривање.

Ел-Хатаби рекол: „Ова силно предупредување е пренесено поради тоа што во овие дела има измама и лажно претставување. Доколку нешто од тоа би било дозволено, тоа би отворило врата и за други облици на измама. Воедно, во нив има менување на Аллаховото создание, на што укажува хадисот на Ибн Месуд: ,...тие што го менуваат Аллаховото создание.‘“

Имамот Невеви рекол: „Тетовирањето е забрането – и за таа што го прави и за таа што бара да ѝ се направи. Местото што е тетовирано станува верски нечисто. Ако може да се отстрани со лекување, тоа е обврска. Ако пак не може да се отстрани освен со хируршка интервенција, а тоа би предизвикало штета, губење на орган, негова функција или сериозен недостаток на видлив дел од телото – тогаш не е обврска да се отстрани. Ако човекот се покае, гревот му се брише – дури и ако тетоважата остане. Но ако нема оправдана пречка, должен е да ја отстрани, а секое неоправдано одложување претставува грев.“ Завршен цитат

التصنيفات

Облека и накит