إعدادات العرض
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го…
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомнал неколку видови на трошење на имотот: – динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, – динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, – динарот што ќе го поделиш како милосрдие на сиромав, – и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и децата. Потоа појаснил дека најголема награда кај Аллах има динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и за оние за кои си должен да се грижиш.فوائد الحديث
Хадисот укажува на многубројноста на начините на трошење на Аллаховиот пат.
Кога има поклопување помеѓу повеќе видови трошоци, предност му се дава на оној што е поважен – како на пример, трошењето за семејството, кога човекот не е во можност да ги покрие сите форми на трошење на Аллаховиот пат.
Ен-Невеви, во неговиот коментар на Сахих Муслим, вели: „Овој хадис поттикнува на трошење за издржување на семејството и појаснува колкава е наградата за тоа. Некои членови на семејството се обврзани за издржување поради крвна врска, некои – иако не е задолжително – се вбројуваат во доброволна садака и чување на роднинските врски, а трети се должни да се грижат за други поради брачна врска или сопствеништво (робови). Сето ова се дела кои се препорачани, и се повредни од доброволната садака.“
Ес-Синди рекол: „Изразот ,динарот што ќе го потроши за своето семејство‘ се однесува на тоа кога човекот има искрена намера – да го стори тоа во името на Аллах и со цел да ги исполни нивните права.“
Ебу Килаба рекол: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“