‚Не казнувајте со Аллаховата казна.‘

‚Не казнувајте со Аллаховата казна.‘

Икриме раскажува дека Али, Аллах нека е задоволен со него, спалил група луѓе. Кога тоа допрело до Ибн Абас, тој рекол: „Да бев јас, немаше да ги спалам, затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ‚Не казнувајте со Аллаховата казна.‘ Но, ќе ги убиев, како што рече Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: ‚Кој ќе ја промени својата вера — убијте го.‘“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, направил иџтихад и спалил со оган една група зиндици (неверници) кои отстапиле од исламот. Кога тоа стигнало до Абдулах бин Абас, Аллах нека е задоволен со обајцата, тој го поддржал нивното убивање, но го отфрлил нивното спалување со оган. Тој рекол: „Јас да бев на негово место, немаше да ги спалам со оган, бидејќи Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека со оган казнува само Аллах, Господарот на огнот. Но доволно е нивното убивање, затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ‚Кој ќе отстапи од исламот и ќе ја смени својата вера со друга – убијте го.‘“

فوائد الحديث

Задолжителноста на казнување со смрт на отпадникот од исламот е утврдена со консензус на учените. Тоа се спроведува кога ќе се исполнат неговите услови, и тоа не го врши никој освен имамот (владетелот) или судијата.

Зборовите: „Кој ќе ја смени својата вера – убијте го,“ значат: оној што ќе отпадне од исламот. Ова е општ пропис кој важи и за мажите и за жените.

Отпадникот не се остава во неговото отпадништво, туку се повикува повторно кон исламот; ако не го прифати повикот – се убива.

Од овој хадис се извлекува забрана за казнување со оган и дека санкциите не се извршуваат со оган.

Доблеста на Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со обајцата, и широчината на неговото знаење и фикх (разбирање на верата) во хадисите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.

Во хадисот има поука за начинот на учтиво укажување на грешката кај оној што ја направил.

التصنيفات

Казна за отпадништво