„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“

„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек слушнал друг како постојано ја рецитира сурата: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е!“ Кога се разденило, отишол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнал тоа, мислејќи дека е малку. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека еден човек слушнал друг како цела ноќ ја рецитира само сурата: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е!“ и не додава ништо друго. Утредента отишол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнал тоа – како да сметал дека тоа е малку. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заколнувајќи се за да ја нагласи важноста, рекол: „Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“

فوائد الحديث

Вредноста на сурата „Ел-Ихлас“ и дека таа вреди колку една третина од Куранот.

Дозволено е да се клања ноќен намаз дури и со кратки ајети, па и ако постојано се повторуваат – и тоа не треба да се потценува.

Ел-Мазири рекол: „Некои велат дека значењето е следното – Куранот се состои од три главни теми: случки, прописи и опис на Аллаховите својства. А сурата „Ел-Ихлас“ се однесува исклучиво на Аллаховите својства, па затоа претставува една третина. Според друго мислење, смислата е дека наградата за нејзиното рецитирање е како наградата за рецитирање една третина од Куранот – без да се смета умножената награда за останатиот дел од Куранот.“

التصنيفات

Доблести на сурите и ајатите