„Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“

„Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него – пренесува предание од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“

[صحيح]

الشرح

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само помисли и се реши да стори грев во Меканскиот Харем – нешто што Аллах го одредил како забрането во тој свет простор, било тоа преку збор или намерно убиство – тогаш тоа е неправда. Дури и ако таа намера му се јави додека е далеку, како во градот Аден во Јемен, тој со самата намера заслужува Аллах да го погоди со болно страдање, иако делото не го извршил, намерата е доволна.“

فوائد الحديث

Укажување на светоста и величината на Меканскиот Харем.

Ес-Сади рекол: „Во овој благословен ајет има доказ за обврската да се почитува Харемот, за неговата голема светост и за строгото предупредување од самата намера или извршувањето на грев во него.“

Ед-Даххак рекол: „Човекот може да науми да направи грев во Мека додека се наоѓа во друга земја – и таа намера ќе му се запише како да го сторил делото, дури и ако сè уште не го направил.“

التصنيفات

Причини за објавување