„Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да…

„Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“

Од мајката на верниците Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“ Уму Селеме рече: „Кога почина Ебу Селеме, реков: ‚Кој од муслиманите би можел да биде подобар од Ебу Селеме? Тој беше првиот што се пресели кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Но, сепак ја изговорив довата – и Аллах ми го даде подоброто: ми го даде за сопруг Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Мајката на верниците Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека еднаш го чула Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Нема муслиман што ќе го снајде несреќа, па ќе го каже она што Аллах му го препорачал: „Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме“ (Ел-Бекара, 156), (О Аллах, награди ме) – односно: подари ми награда за трпението (во мојата несреќа), и надомести ми (и дај ми за неа) (подобро од неа); – и Аллах, навистина, ќе му даде подобро од она што го изгубил. Уму Селеме рекла: „Кога почина Ебу Селеме, си реков: Кој од муслиманите би можел да биде подобар од Ебу Селеме? Тој беше првиот што се пресели (направи хиџрет) со своето семејство кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Но, Аллах ми помогна – ја изговорив довата, па Аллах ми го надомести со подобро: ми го даде за сопруг Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“

فوائد الحديث

Наредба да се покажува трпение при неволја и да не се паѓа во очај.

Поттик во моменти на тешкотија и несреќа верникот да му се обрати со дова на Аллах – бидејќи надоместот и наградата се кај Него.

Верникот треба да се покори на наредбата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дури и кога не ја разбира мудроста зад неа.

Севкупното добро се наоѓа во следењето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

التصنيفات

Вредноста на ехли-бејтот - семејството на Божјиот Пратеник, Аллах нека е задоволен со нив, Дела на срцето