إعدادات العرض
„Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да…
„Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да ги избричиме – подолго од четириесет ноќи.“
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да ги избричиме – подолго од четириесет ноќи.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili English অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português తెలుగు मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdîالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, поставил временска граница за скратување на мустаќите, сечење на ноктите, отстранување на влакната под пазувите и бричење на интимните влакна – да не се оставаат подолго од четириесет дена.فوائد الحديث
Еш-Шевкани рекол: „Одбраното мислење е дека временската граница е четириесет дена – како што ја утврдил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – и не е дозволено таа да се премине. Меѓутоа, оној што ќе ги одложи овие хигиенски практики сè до крајот на тој рок, не се смета дека постапил спротивно на Сунетот.“
Ибн Хубејра рекол: „Овој хадис ја претставува крајната дозволена граница за одложување на овие работи, а подобро е да се извршат пред да се достигне таа граница.“
Исламот посветува големо внимание на чистотата, хигиената и украсувањето.
Скратувањето на мустаќите значи отстранување на дел од влакната што растат над горната усна.
Отстранувањето на влакната под пазувите се однесува на чистење на влакната што растат во пределот под рамото.
Бричењето на интимните влакна се однесува на грубите влакна што растат околу половите органи – и кај мажите и кај жените.
التصنيفات
Сунети на природноста