„Никој од вас да не го насочува оружјето кон својот брат, зашто не знае – може шејтанот да му го избие од раката, па да го погоди и да падне во една од дупките на…

„Никој од вас да не го насочува оружјето кон својот брат, зашто не знае – може шејтанот да му го избие од раката, па да го погоди и да падне во една од дупките на Огнот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас да не го насочува оружјето кон својот брат, зашто не знае – може шејтанот да му го избие од раката, па да го погоди и да падне во една од дупките на Огнот.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил дека не е дозволено муслиманот да насочува оружје – од кој било вид – кон својот брат муслиман, зашто не знае, може шејтанот да го поттикне да го помести оружјето во раката, па да го повреди или дури да го убие, и така да направи грев што води кон една од дупките на Џехенемот.

فوائد الحديث

Укажување на светоста на животот на муслиманот.

Обврска да се почитува муслиманот и да се внимава да не му се нанесе штета – ниту со дело, ниту со збор. Во ова влегува и вперувањето оружје или остар предмет кон него – дури и во шега – бидејќи шејтанот може да го наведе човекот да го удри својот брат или да му го избие оружјето од раката, па несвесно да го повреди.

Превентивна забрана на сè што може да доведе до харам, со цел да се затворат вратите што водат кон забранетото.

Поттик за зачувување на општествениот мир, зајакнување на меѓучовечките односи и забрана на секое застрашување или вознемирување – дури и преку заканувачка гестикулација.

التصنيفات

Кривични дела