„Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’

„Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’

Од Селман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Мушриците ни рекоа: ,Гледаме дека вашиот другар (Пратеникот) ве поучува на сè – дури и на правилата за вршење нужда.’ Тој одговори: ,Да, ни забрани некој од нас да се чисти со десната рака, или да биде свртен кон Киблата, и ни забрани чистење со измет и коски. И рече: „Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Селман ел-Фариси, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Мушриците ни рекоа подбивно: „Вашиот пратеник ве учи на сè – дури и како да вршите мала или голема нужда!“ Селман одговори: „Да, тој нè поучи на правилата на однесување при извршувањето на физиолошка потреба. Меѓу нив е и тоа што ни забрани, салаллаху алејхи ве селем, да се чистиме по нужда со десната рака – од почит кон неа и за да се заштити од нечистотија; ни забрани да бидеме свртени кон Киблата при вршење мала или голема нужда; и ни забрани чистење со измет од животни, нивните суви остатоци и со коска. Исто така, ни нареди при чистење да не користиме помалку од три камчиња.“

فوائد الحديث

Појаснување на севкупноста и совршенството на исламскиот шеријат во сè што им е потребно на луѓето.

Појаснување на одредени правила на однесување при вршењето физиолошка потреба и чистење.

Забрана за свртување кон Киблата при вршењето мала или голема нужда, поради зборовите: „ни забрани“, а основата во забраната е дека укажува на харам.

Забрана за чистење по нужда со десната рака, од почит кон неа.

Предноста на десната рака над левата, бидејќи левата се користи за отстранување на нечистотии, а десната за останатите работи.

Обврска да се отстрани нечистотијата со вода или камчиња, без разлика дали нечистотијата е мала или голема.

Забрана за чистење со помалку од три камчиња, бидејќи помалку од тоа вообичаено не ја отстранува целосно нечистотијата.

Сè што ја постигнува целта на чистењето и отстранување на нечистотијата е дозволено, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги спомнал камчињата затоа што тие биле најчестиот начин, и ова не значи дека се исклучени други средства.

Препорачливо е чистењето со камчиња да завршува со непарен број; ако чистењето заврши со четири камчиња, се препорачува да се додаде петто, и така натаму, поради неговите зборови, салаллаху алејхи ве селем: „Кој се чисти со камчиња, нека го прави тоа со непарен број.“

Забрана за чистење со измет, бидејќи тој или е нечист, или е храна за животните на џините.

Забрането е чистење со коска, бидејќи таа или е нечиста, или претставува храна за самите џини.

التصنيفات

Едеби на вршењето физиолошки потреби: