„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот:…

„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснува дека оној кој ќе ја изговори оваа дова кога ќе го слушне муезинот, откако ќе заврши со езанот: „Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети“ (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик) – се мисли на зборовите на езанот со кои се повикува на обожување на Аллах и на воспоставување на намазот, „ет-таммети“ (совршен повик) – повик кон Аллаховото едноштво и потврда на објавата што ја испратил, „вес-салатил-каимети“ (и на намазот чие време е сега) – се однесува на намазот што постојано ќе се воспоставува, „ати Мухаммеденил-весилете“ (дај му го на Мухамед посредништвото) – подари му го на Мухаммед високиот степен во Џенетот, кој не му прилега никому освен нему, салаллаху алејхи ве селем, „вел-фадилете“ (и добрината) – степен што е над сите останати созданија, „веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху“ (и оживеј го на достојното место кое си му го ветил) – подигни го на пофалното место каде што оној што ќе застане, ќе биде пофален, а тоа е големото застапништво на Судниот ден, „ел-лези ве’адтеху“ (кое си му го ветил) – во согласност со Аллаховите зборови: „Господарот твој на оној свет ќе ти го подари местото достојно за благодарност.“ (Ел Исра, 79) што му припаѓа само нему, салаллаху алејхи ве селем. Оној кој ќе ја изговори оваа дова, ќе го заслужи и ќе му биде загарантирано застапништвото (шефатот) на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на Судниот ден.

فوائد الحديث

Изговарањето на оваа дова е пропишано по завршувањето на повторувањето зад муезинот, а оној што не го слуша езанот, не ја изговара.

Високата положба на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи нему му е доделено застапништвото, добрината, пофалното место и големото застапништво на Судниот ден.

Потврда на застапништвото на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на тоа укажуваат неговите зборови: „Нему ќе му биде дозволено моето застапништво на Судниот ден.“

Неговото застапништво, салаллаху алејхи ве селем, ќе биде за оние од неговиот умет што сториле големи гревови – да не влезат во Џехенемот, како и за оние што веќе влегле – да излезат од него, исто и за да влезат во Џенетот без пресметка или за воздигнување на степените на оние што веќе влегле во него.

Ет-Тиби рекол:

„Од почетокот на езанот до зборовите ,Мухамед е Божјиот пратеник‘ се смета за совршениот повик, а зборовите ,дојдете на намаз, дојдете на спас‘ се однесуваат на воспоставениот намаз, како што е речено во зборовите: ,го воспоставуваат намазот‘.

Можно е под ,намаз‘ (салат) да се мисли на довата, а под ,воспоставен‘ – оној кој постојано се извршува, бидејќи ,воспостави нешто‘ значи ,да го прави континуирано‘. Според ова, зборовите ,и на воспоставениот намаз‘ би биле појаснување на совршениот повик.

Може, исто така, под ,намаз‘ да се мисли на самиот намаз на кој тогаш се повикува, што е и најјасното значење.“

Ел-Мухелеб рекол:

„Овој хадис е поттик за изговарање дова во времето на намазите, бидејќи тоа е време кога се очекува и се надева дека довите ќе бидат примени.“

التصنيفات

Ахиретскиот - вечниот живот, Езанот и икаметот