,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам…

,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“

Од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла: „Една ноќ забележав дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не е во постелата, па почнав да го барам. Тогаш мојата рака ги допре неговите стапала, кои беа исправени, додека беше во намаз на местото каде што клањаше, и велеше: ,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Спиев покрај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и во текот на ноќта забележав дека го нема. Тогаш со раката го побарав местото каде што клањаше во одајата и го затекнав на сеџда, со исправени стапала, додека велеше: ,(Барам прибежиште) и приближување (при Твоето задоволство од Твојот гнев) врз мене или врз мојот умет, (и) барам прибежиште (во Твојата прошка), неизмерна прошка (од Твојата казна), (И барам прибежиште во Тебе од Тебе) и во Твоите својства на убавина од Твоите својства на величие, бидејќи никој не дава прибежиште од Тебе освен Ти. Нема спас, ниту засолниште од Аллах освен кај Него, (Не можам да Те пофалам доволно) – немам моќ, ниту можам да ги избројам и опфатам Твоите благодети и добрини како што навистина Ги заслужуваш, дури и ако се потрудам во тоа, (Ти си таков како што Себеси си се пофалил) – бидејќи Ти Самиот си се пофалил со пофалба што Ти прилега. Кој може да ја искаже пофалба кон Тебе на начин како што Ти заслужуваш (освен Тебе)?!‘“

فوائد الحديث

Препорачливо е овие дови да се изговараат на сеџда.

Мирк рекол: „Во друг ривајет што го бележи Несаи стои: ,Оваа дова ја изговараше кога ќе завршеше со намазот и ќе легнеше во својата постела.‘“

Препорачливо е Аллах да се фали со Неговите совршени атрибути и да му се обраќаме во дова со Неговите имиња потврдени во Куранот и Сунетот.

Во ова има величање на Создателот на руку и сеџда.

Дозволено е да се бара прибежиште во Аллаховите својства, исто како што е дозволено да се бара прибежиште во Неговото битие.

Ел-Хатаби рекол:

„Во овие зборови има суптилно значење, а тоа е дека тој побарал прибежиште кај Аллах, барајќи заштита со Неговото задоволство од Неговиот гнев и со Неговата прошка од Неговата казна. Задоволството и гневот се спротивности, исто како што се спротивни прошката и казната. Но, кога стигнал до тоа што нема спротивност – а тоа е Возвишениот Аллах – побарал прибежиште во Него од Него, и ништо друго.

Значењето на ова е барање прошка за недостигот во исполнувањето на она што е должност кон Него – во ибадетот што ни го наредил и во Неговата пофалба.

А неговите зборови: ,Не можам да Те пофалам доволно‘ значат: немам моќ да ја достигнам вистинската пофалба што Ти ја заслужуваш.“

التصنيفات

Зикрови во намазот