إعدادات العرض
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата
Сехл, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата. Ќе се повика: ,Каде се постачите?‘ – и тие ќе станат и ќе влезат. Кога ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој друг нема да може да влезе преку неа.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Tiếng Việt Nederlands Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека една од Џенетските врати се нарекува Ер-Рејан. Низ неа на Судниот ден ќе влегуваат само постачите. Ќе се повика: „Каде се постачите?“ – и тие ќе станат и ќе влезат. Никој друг нема да може да влезе преку таа врата. Кога последниот од нив ќе влезе, вратата ќе се затвори, и потоа никој повеќе нема да може да влезе преку неа.فوائد الحديث
Имамот Ен-Невеви вели: „Овој хадис укажува на вредноста на постот и на почеста што Аллах ја подготвил за постачите.“
Аллах определил посебна врата од вратите на Џенетот исклучиво за постачите. Кога тие ќе влезат, вратата ќе се затвори.
Хадисот појаснува дека Џенетот има повеќе врати.
Имамот ес-Синди вели: „Зборовите ,Каде се постачите?‘ се однесуваат на оние што многу постат – било да се побожни или грешни – сè додека постот им е постојана навика, а не нешто што го прават повремено.“
Името Ер-Рејан потекнува од збор што значи напоен – бидејќи постачите често чувствуваат жед, особено во долги и жешки летни денови. Како награда, Аллах им определил посебна врата со такво име – Ер-Рејан, што означува утолување на жедта. Тоа е вратата низ која ќе влезат, поради нивната жртва – жедта и гладта што ја поднесувале за Аллах.
التصنيفات
Вредноста на постот